Економија Следната недела, нов оглас за искористување на парите од ИПАРД

Следната недела, нов оглас за искористување на парите од ИПАРД

Следната недела ќе биде распишан нов оглас за искористување на парите од програмата ИПАРД. До крајот на годината, земјоделците ќе можат да искористат 18 милиони евра.

На последните два огласи за ИПАРД аплицирале 1.200 земјоделци за кофинансирање во висина од 8 милиони евра.

Најголем дел од проектите се однесувале за набавка на земјоделска механизација. Оние кои ќе сакаат да аплицираат ќе можат да добијат техничка помош од 80 експерти во 34 подрачни канцеларии на министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство низ Македонија.