Хроника Скопското обвинителство истражува случај на полов напад врз дете

Скопското обвинителство истражува случај на полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за полов напад врз дете што не навршило 14 години, соопшти денеска Јавното обвинителство.

„Осомничениот се товари дека на 22 јули 2016 година, околу 19.30 часот, извршил други полови дејства врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје“, стои во соопштението од Обвинителството.

По барање на надлежниот обвинител, судија на претходна постапка на осомничениот му одредил притвор од 30 дена.