Македонија Скопскиот муфтија го презеде ИВЗ

Скопскиот муфтија го презеде ИВЗ

Скопскиот муфтија Ибрахим Шабани и повеќемина негови приврзаници утрово упаднаа и го зазедоа седиштето на Исламската верска заедница(ИВЗ).

Раководството на ИВЗ е острането, а за привремен раководител е поставен скопскиот муфтија Ибрахим Шабани.

– Раководството на ИВЗ го урна правниот систем, уставот и другите нормативни акти на заедницата. Имајќи го во предвид овој хаос и последниот инцидент создаден од реисот Реџепи, по кој следеле неуставни одлуки спротивно на сите норми, Муфтивството на ИВЗ Скопје даде рок од 48 часа за подобрување на состојбата, но Сулејман Реџепи не даде извинување за навредите кон сопругите на имамите. Имајќи го предвид сето ова ИВЗ од денеска ќе биде раководена од привремено раководство водено од скопскиот муфтија Ибрахим Шабани. За се подетално, верниците ќе бидат известени детално – бече речено на прес-конференцијата во дворот на ИВЗ по настанот.

Реисот Сулејман Реџепи, според информациите, во моментот на инцидентот не бил во просториите на ИВЗ.

Дел од групата сè уште е во седиштето на ИВЗ, а околу објектот има полициско обезбедување.