Хроника Скопјанец загинал во сообраќајка на бул. Трета македонска бригада

Скопјанец загинал во сообраќајка на бул. Трета македонска бригада

Во тешка сообраќајка што ноќеска се случила на булеварот Трета македонска бригада, животот го загубил 51-годишен скопјанец.

Како што соопшти СВР Скопје, во 45 минути по полноќ на раскрсницата на булеварот со улицата Фрањо Клуз, З.В.(51) од Скопје, управувајќи автомобил „бмв“ со скопски таблички загубил контрола и автомобилот удрил во бетонски ѕид.

По несреќата била повикана Итна медицинска помош, која констатирала дека возачот З.В. починал, а неговите сопатници М.К.(17) и К.К.(24), двајцата од Скопје, биле се пренесени во Ургентен центар Скопје и се задржани на лекување.