Хроника Скопјанец нападнат во Бутел

Скопјанец нападнат во Бутел

М.Н. (25) вчера бил нападнат и ограбен на улица Бутелска, во близина на обиколницата.

Додека М.Н. чекал автобус на последната автобуска постојка за линијата со број 57, запрело возило во кои биле осомничените, кои му понудиле превоз до селото Љуботен. М.Н. влегол во возилото, каде осомничените физички го нападнале и му одзеле 100 евра.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.