Македонија СЈО врши претреси во домовите на Канческа – Милевска и на Божиновски

СЈО врши претреси во домовите на Канческа – Милевска и на Божиновски

Специјалното јавно обвинителство утрово врши претреси во домовите на на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка, Елизабета Канческа – Милеска и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, јавува „Телевизија 24“ повикувајќи се на свои извори.

Од СЈО не ја потврдуваат информацијата.

Засега не е познато дали претресите се вршат во рамките на нова предистражна постапка и за што станува збор.

Инаку, Канческа-Милевска е обвинета и и се суди во случајот „Тендери“, додека Божиновски е обвинет во случајот „Титаник“, за изборни нерегуланости.