Македонија СЈО поднело ново барање за претрес во операторот кој не соработува

СЈО поднело ново барање за претрес во операторот кој не соработува

Специјалното јавно обвинителство доставило ново барање до Кривичниот суд за добивање на судска наредба за претрес во телекомуникациски оператор, јавува „24 Вести“.

Новото барање за претрес во операторот кој одбива да ги даде и останатите податоци за масовното прислушување, а кои се предмет на новиот случај „Таргет“, дошло до судот вчера откако поради недостиг на информации го отфрли претходното барање на СЈО.

Специјалното обвинителство вчера ги комплетирало сите податоци од барањето, како што се адресата на телекомуникацискиот оператор, одделот и вид на опрема која му е потребна и денеска повторно поднело барање.
Кривичниот суд во рок од 24 часа треба да одговори на барањето на СЈО.