Македонија Сите патишта низ Македонија се проодни

Сите патишта низ Македонија се проодни

По денешниот состанок на Координативното тело формирано за следење на состојбите со времето, министерот за транспот и врски, Миле Јанакиески, изјави дека сите магистрални и регионални патишта и автопати се проодни.

Според Јанакиески, посебни екипи биле сконцентрирани на регионалниот пат кон Вевчани и патиштата до Вевчани се проодни, така што сите граѓани што сакаат да го посетат Вевчанскиот карневал, може слободно да патуваат.