Свет Сириски воен авион падна кај Дамаск

Сириски воен авион падна кај Дамаск

Сириски воен авион падна северно од Дамаск, но засега не се знае дали е соборен или се урнал поради технички проблем, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Како што стои во соопштението, млазниот авион паднал на подрачјето Источен Каламун, а судбината на пилотот не е позната.

Исламска држава се огласи на интернет, соопштувајќи дека урнала авион.