Свет Сириската војска стави крај на опсадата Деир ез Зор

Сириската војска стави крај на опсадата Деир ез Зор

Сириската војска и нејзините сојузници стигнале до градот Деир ез Зор и така ставиле крај на тригодишната опсада на тоа подрачје.

Како што се соопштува, трупите напредувале од западот и дошле до западните преградија на градот, чии делови од јануари 2015 година се под опсада на Исламска држава. Според извештаите, одбраната на екстремистите е „уништена“.

Рами Абдурахман од Сириската опсерваторија за човекови права рече дека силите се сретнале со бранителите на градот.