Свет Сирија: Војската ослободи 50 села во Алепо

Сирија: Војската ослободи 50 села во Алепо

Сириската војска, со поддршка на вооружената милиција, ослободила 50 села на југоистокот на покраината Алепо, соопштија денеска извори од милицијата.

Судејќи според изворите, жителите на најмалку две села почнале да се враќаат во своите домови и да ги отстрануваат урнатините.

– Во понеделникот војската напредувала длабоко во покраината Идлиб. Ослободивме педесетина села и околу 120 квадратни километри – изјави извор од вооружената милиција „Пустински соколи“.