Култура Симон Трпчески четирипати го враќаа на сцена

Симон Трпчески четирипати го враќаа на сцена

Публиката во Берлинската филхармонија вчера четирипати го врати на сцена Симон Трпчески.

Еден од најталентираните германски музичари, Даниел Дерфолц, кој го придружуваше македонскиот пијанист на труба, вели дека е уживање да се работи со Трпчески, кој со својот начин на музицирање на сцената внесува доза забава што е ретка во класичната музика.

– Трпчевски е виртуоз кој ве води до совршенството, знае да ги забавува публиката и колегите, но и самиот ужива во тоа што го прави – вели Дерфолц.

По концерот, Трпчески  изјавил дека комплиментите од колегите се најдобар показател за начинот на кој ја врши својата работа, пренесува „Курир“.