Uncategorized Си ја прегазил сопругата со семејното возило

Си ја прегазил сопругата со семејното возило

Жител од струшкото село Враништа, си ја прегазил 62-годишната сопругата М.Ш. со семејното возило. Несреќата се случила во струшкото село Радожда, каде сопружниците биле на посета кај свој пријател.

На враќање, сопругот најнапред не можел да го стартува автомобилот марка „фиат“. Сопругата и пријателот почнале да го туркаат возилото по угорнина, но во еден момент на возилото му откажале сопирачките, почнало да се враќа назад, а сопругата се нашла под него.

Прегазената М.Ш, според информациите од МВР, починала на пат кон струшката болница. Полицијата на местото на несреќата извршила увид и по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на семејството за погреб.