Дописници Штипјанец пронајден мртов на Исарот

Штипјанец пронајден мртов на Исарот

Анонимен повик до лекарите во итната помош алармирал дека тело на маж е забележано на тврдината Исар во Штип. Екипата веднаш излегла на терен, каде лекар констатирал смрт.

Првично не се знаел идентитетот на починатиот, но подоцна полицијата утврдила дека се работи за 40-годишниот Маријанче Б. Немало траги на насилна смрт.

Засега не може да се утврди дали се работи за самоубиство, ниту можните причини за смртта.

Според СВР Штип, телото е предадено на обдукција, по што ќе се знае причината за смртта.

Пределот каде е најдено телото е изолиран од градот, иако во непосредна близина се наоѓаат последните куќи на тврдината.