fbpx

Хоспитализиран штипјанец со корона вирус кој нема врска со ниеден од претходно заболените

-

Со висока темепратура и сува кашлица изминатиот викенд во Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип е примен пациент, за кого, на инсистирање на инфектолог, е направен тест и е утврдено дека е болен од Ковид-19.

„Она што е алармантно околу овој случај, е што нема врска со ниеден претходен кластер на позитивни на корона вирусот, ниту пак патувал во странство,“ велат од Центарот за јавно здравје во Штип.

Според информациите од таму, епидемиолошката анкета на пацинетот укажува дека во допир со вирусот дошол во Штип.

Ова е сосема нов момент за развојот на епидемијата на микро-план во Штип, каде до сега се потврдени 14 случаи на корона вирусот. Засега има два кластера на болни и тоа еден поврзан со четиргодишното девојче, кое допатува од Англија и вториот со брачната двојка, која престојуваше во Копаоник, во Србија. Во двата кластера има и две деца, кои според епидемиолозите, имаат лесна клиничка слика и се на пат до оздравување. Уште една карактеристика околу позитивните случаи, е што повозрасната брачна двојка, која престојуваше во Србија, иако пред една недела им е потврдено присуството на вирусот, е без клиничка слика, поради што тестовите ќе бидат повторени.

Новите шест случаи од вчера, се потврдени преку тестирањето во отворениот пункт, преку упатите на матичните доктори. Таму се работеше во сабота, каде биле земени девет тестови, додека со работа продолжува и оваа недела.

Граѓаните на Штип се во особено исчекување по бројките од изминатиот викенд. Од Клиничката болница соопштуваат дека полека снемува материјали, кои сега тешко се наоѓаат на пазарот и се со повисока цена. Поради редуцирањето на пациентите, за 10-12 пати е опаднат приходот од работењето на болницата. Мала надеж е најавата од Министерството за здравство дека ќе има нови набавки.

Полицијата работи на две кривични пријави за две пријави за две лица, кои не се придржувале на решението за изолација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...