Свет Балкан Штајнмајер: Да не се дозволи бегалската криза да го дестабилизира Балканот

Штајнмајер: Да не се дозволи бегалската криза да го дестабилизира Балканот

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмајер, предупреди дека не смее да се дозволи нов судир меѓу државите од поранешна Југославија поради мигрантската криза што ја тресе Европа.
Во последните неколку месеци, стотина илјади мигранти кои бегаат од сиромаштија и од војна минуваат низ Западен Балкан, каде во текот на 90-тите години на минатиот век се водеа војни.

– Мораме да бидеме сигурни дека движењето на мигрантите нема да придонесе за нови судири во регионот, во кој толку напорно работевме во последните неколку години на смирување на конфликтните ситуации по распадот на Југославија – рече Штајнмајер.

Неколку недели траат тензиите меѓу Србија, Хрватска и Словенија за начинот и за бројот на мигрантите што се пропуштаат да влезат во нивната земја. Тензиите избија откако Унгарија подигна ограда долж својата природна граница со Србија и со Хрватска, па мигрантите кои претежно доаѓаат од Блискиот Исток, ја сменија својата рута кон Западна Европа.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за недела свика вонреден самит ЕУ-Западен Балкан, на кој освен членките на ЕУ кои се погодени од бегалската криза, повикани се и Македонија и Србија.