Македонија Шилегов: Во куќата на Јанакиески има регистрирано повеќе фирми

Шилегов: Во куќата на Јанакиески има регистрирано повеќе фирми

Кој договор за закуп го раскинува министерот Миле Јанакиески, бидејќи зборуваше во еднина? Kуќата на Јанакиески во Прилеп била многу посакувано седиште во Република Македонија, па на таа адреса се водат повеќе фирми и проекти што добиле тендери од Владата за милионскиот проект Пречистителна станица, обвини Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

– Дали Јанакиески го раскинува договорот за кирија со германската фирма „Лудвиг Фајфер“, сместена на неговата адреса, Браќа Ламески 32 во Прилеп? Дали Јанакиески го раскинува договорот со проектот од Влада – Рехабилитација и продолжување на канализациската мрежа во Прилеп, сместено на истата адреса, Брака Ламески 32 Прилеп? Или, можеби, Јанакиески го раскинува договорот со проектот од Влада, со назив Надзор на изведувачки работи за инвестицискиот проект Пречистителна станица? Погледнете од овој официјален документ од УЈП, ова правно лице е регистрирано на истата адреса, Браќа Ламески 32 Прилеп! Колку листови А4-формат залепил Миле Јанакиески на неговата врата? – рече Шилегов.

Министерството за финансии, истакна Шилегов, одобрило уште најмалку еден тендер: и на германско-македонски конзорциум чијшто проект е, исто така, сместен кај Миле Јанакиески!