Македонија Шилегов: Милошоски ќе биде нотар, соработниците го напуштаат Груевски

Шилегов: Милошоски ќе биде нотар, соработниците го напуштаат Груевски

Најблиските соработници на Никола Груевски први го напуштаат бродот на криминалната банда и се подготвуваат за опозиција. Прв повлече нога еден од најблиските соработници на Груевски, носителот на листа Антонио Милошоски, кој, според овој документ издаден завчера, ќе работи како нотар – изјави денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој презентираше официјален документ од Министерството за правда, според кој, само еден ден по изборите, министерот за правда формирал комисија за да изврши проверка на просториите во кои ќе се смести новиот нотар, Антонио Милошоски.

– Од документот се гледа дека Министерството за правда побарало од Нотарската комора на Македонија увид во условите за работа на Милошоски како нотар уште пред изборите, на 7 декември. На улица Орце Николов бр 20/2 е канцеларијата што е запишана во овој документ, а во која нотарски услуги ќе дава носителот на изборната единица пет на ВМРО-ДПМНЕ, соработникот на Груевски, Милошоски – изјави Шилегов.