Култура „Шеќерно дете“ ќе добие најмногу од филмскиот буџет за 2015 година

„Шеќерно дете“ ќе добие најмногу од филмскиот буџет за 2015 година

Агенцијата за филм на Македонија ги објави резултатите од првиот конкурс за филмови, според кој 23 филмови ќе добијат дел од филмскиот буџет за оваа година, кој изнесува 134.300.000 денари. Првиот филм за деца, „Шеќерно дете“, на режисерот Игор Иванов-Изи, ќе добие најмногу од буџетот, односно 46 милиони денари.

На листата на долгометражни филмови се осум играни и четири документарни, а меѓу кратките се шест играни, два документарни и три анимирани филмови.

По 16 милиони денари ќе добијат режисерите Арбен Тачи за „Исчезнатиот“, Илија Пиперковски за „Дедо и внук“ и Борјан Зафировски за „Проект хепинес“.
Ова е прв ваков конкурс за филмови по донесувањето на новиот Закон за филмска дејност, а до крајот на 2015 година ќе има уште два конкурса, во април и во октомври.