Македонија Шекеринска: Повеќе од 330.000 сомнителни гласачи се потврда за изборниот криминал

Шекеринска: Повеќе од 330.000 сомнителни гласачи се потврда за изборниот криминал

По проверките на избирачкиот список, се покажа дека повеќе од 330.000 гласачи се сомнителни и тоа го потврди изборниот криминал, рече заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на средба со граѓаните на Пробиштип.

– Актуелната власт владеела не само со уцени и со притисоци, туку и со фантомски гласачи, измислени списоци и многу државни пари потрошени за партиска сметка. Без чистење на избирачкиот список, граѓаните нема да имаат верба во изборите. А така животот не може да стане подобар. Уставниот суд донесе одлука, замислете, со која му даваат шанса на Иванов да помилува педофили, продавачи на дрога и луѓе што го краделе гласот на македонските граѓани. ВМРО-ДПМНЕ потврди со ваквите одлуки дека правеле изборен криминал – вели Шекеринска.

Таа рече дека целта на СДСМ е младите да останат во сопствената држава, но да работат за повисоки, достоинствени плати.