Свет Свет Шефот на летонската дипломатија јавно призна дека е хомосексуалец

Шефот на летонската дипломатија јавно призна дека е хомосексуалец

Едгард Ринкевичс - министер за надворешни работи на Летонија

Летонскиот министер за надворешни работи, Едгард Ринкевичс, вчера на „Твитер“ обелодени дека е хомосексуалец.

„Со гордост објавувам дека сум геј… Со среќа на сите“, напиша Ринкевичс.

Министерството за надворешни работи на Летонија ја потврди автентичноста на твитот.

Летонија е една од ретките европски земји во која уставните амандмани го забрануваат истополовиот брак. Парламентот на оваа земја во ноември го усвои и законот за забрана во училиштата да се предава дека браковите на хомосексуалните двојки се еднакви со традиционалните.

Летонија подготвува и закон, скроен по примерот на Русија, со кој се забранува „геј-пропаганда“, поради што објавата на министерот, според медиумите, се смета за силна политичка порака.