Македонија Протестите од „Шарената револуција“ ќе продолжат в понеделник

Протестите од „Шарената револуција“ ќе продолжат в понеделник

Граѓанската иницијатива „Протестирам“, која 11 дена организира протести против одлуката на претседателот Иванов да помилува 56 политичари, денеска нема да протестира.

Наредниот протест ќе биде утре, со почеток во 18 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство.

„Соборци и соборки, поминавме уште една недела на улиците низ цела земја, здружени и одлучни во остварувањето на заедничката цел. Наместо утре, со протести продолжуваме в понеделник, во 18часот, побројни, покоординирани и со нови сили и енергија. Нема правда, нема мир“, пишува на фејсбук-страницата на „Протестирам“.

Покрај повлекување на одлуката за помилување, демонстрантите бараат и оставка од Иванов, формирање експертска влада и имплементирање на препораките од извештајот на Прибе за организирање фер и демократски избори.