Забава Шампионско „селфи“

Шампионско „селфи“

Фотографијата ја објави Томаш Бердих на својот Твитер профил, насловувајќи ја како „шампионфи“.

Осуммината најдобри тенисери на светот, утре во Лондон ги почнуваат натпреварите од завршниот АТП-турнир.

Пласман на турнирот обезбедија Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер, Станислас Вавринка, Томаш Бердих, Енди Мареј, Кеи Нишикори, Милош Раониќ и Марин Чилиќ, кој го зазеде местото на повредениот Рафаел Надал.

За добрата атмосфера која владее меѓу тенисерите, зборува и фотографијата која ја објави Томаш Бердих на својот профил на „Твитер“, насловувајќи ја како „шампионфи“.