Свет Северна Кореја не сака дијалог за нуклеарната програма

Северна Кореја не сака дијалог за нуклеарната програма

Северна Кореја соопшти дека „воопшто не е заинтересирана“ за дијалог за откажување од своето нуклеарно оружје, како што тоа го направи Иран.

Министерството за надворешни работи соопшти дека нуклеарната програма е „важна како средство за одвраќање“ против американската надворешна политика.

Северна Кореја е „држава која поседува нуклеарно оружје“, се додава во соопштението.

САД и петте други сили постигнаа договор со Техеран на 14 јули, по кој санкциите против Иран постепено ќе се укинуваат во замена за ограничување на нуклеарната програма.

Пјонгјанг е под економски санкции на ОН, САД и на ЕУ поради нуклеарните и балистичките ракетни програми.