Македонија Северна Кореја им забрани на странците да учествуваат на маратон

Северна Кореја им забрани на странците да учествуваат на маратон

Северна Кореја забрани учество на странци на меѓународниот маратон кој во април традиционално се одржува во Пјонгјанг, поради стравот од ширење на вирусот ебола, соопшти агенцијата специјализирана за водење туристи во земјата.

Директорот на агенцијата „Корио турс“, Ник Бонер, потврди дека „Маратон Пјонгјанг 2015“ од денеска е затворен за аматери и за професионални странски тркачи.

Официјален Пјонгјанг минатата година во октомври ја затвори „својата врата“, воведувајќи најстроги мерки за странски туристи, иако никаде во близина на Северна Кореја немаше пријавени случаи на ебола. Одлуката е воведена по истражувањето на севернокорејските медиуми дека „еболата е создадена во американската војска како биолошко оружје“.