Македонија СЕММ го осуди нападот врз новинарот Христијан Баневски

СЕММ го осуди нападот врз новинарот Христијан Баневски

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска го осуди вчерашниот физички напад врз новинарот на „Телевизија 24“.

„Трендот на насилство и попречување на работата на новинарите и на медиумските работници продолжува да биде сериозен проблем. Со тоа се потврдуваат тенденциозните обиди да се загрози слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана“, стои во реакцијата.

Оттаму потсетуваат на обврските на државата во однос на слободата на изразување и на информирање.

„Државата е одговорна за преземање на сите активни мерки за создавање и за одржување поволна средина за слободата на изразување, а таквата обврска е и во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права. Комитетот на министри на Советот на Европа, исто така, препорачува да се заштити новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери“, стои во реакцијата.