Македонија Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за европски прашања.

Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија и предлог-законот за јавнообвинителската служба, во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Комисијата ќе го разгледува и годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година, како и предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, во второ читање.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе имаат јавна расправа на тема „Азилот и европското законодавство“.