Македонија Седницата на Советот на јавни обвинители одложена за 27 јануари

Седницата на Советот на јавни обвинители одложена за 27 јануари

Седницата на Советот за јавни обвинители, на која зад затворени врати требаше да се расправа за работењето на Катица Јанева, нема да се одржи.

Таа е одложена за 27 јануари, а според информациите на медиумите, откажувањето е поради болест на претседателот на Советот.

На оваа седница требаше да се дискутира за предавањето на материјалите на Зоран Заев и за тоа зошто не е направен записник. Исто така, на седницата требаше да се разговара и околу планот на Јанева за годишен распоред за работа.