Економија Се зголемува кредитирањето на фирмите и на граѓаните

Се зголемува кредитирањето на фирмите и на граѓаните

Банките на фирмите и на граѓаните во февруари им одобриле за 8,6 отсто повеќе кредити во споредба со првиот месец од годинава, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

Вкупната кредитна изложеност на банките во февруари изнесувала 4.515.040.650 евра или за 23,6 милиони евра повеќе во однос на јануари, кога изнесувале 4.491.365.853 евра.

Во јануари е забележан пад на вкупните кредити на приватниот сектор, што во целост се должи на намаленото кредитирање на претпријатијата.