Македонија Се зголемува бројот на мигранти што транзитираат низ Македонија

Се зголемува бројот на мигранти што транзитираат низ Македонија

Бројот на мигранти што минуваат низ територијата на Македонија се зголемува, а од МВР соопштуваат дека само во последните три дена се издадени 1.853 потврди за признавање на правото за азил за лица кои илегално влегле во Македонија.

Во периодот од 19 јуни до 27 јули издадени се вкупно 2.065 дозволи за престој на странски државјани, од кои 267 на деца придружувани со родител и 191 на деца без нивните родители. Најголемиот број мигранти доаѓаат од Сирија, вкупно 15.290, потоа следат Авганистанците – 1.543, Иранците – 1.172, Пакистанците со вкупно 676 и лица од другите земји од Блискиот Исток.