Хроника Се степале навивачи на ФК „Скопје“ и ФК „Шкупи“

Се степале навивачи на ФК „Скопје“ и ФК „Шкупи“

Вчера, околу 16 часот, дошло до физичка пресметка помеѓу навивачките групи на фудбалските клубови „Скопје“ и „Шкупи“.

„Кај стадионот на „Металург“, по завршување на натпреварот помеѓу ФК „Скопје“ и ФК „Шкупи“, група од десет навивачи од навивачката група „Шверцери“ нападнала помала група од навивачи на ФК „Скопје“. Од полициски службеници веднаш било интервенирано и при преземањето службени дејства за приведување на Џ.В. од Скопје, полицискиот службеник бил попречуван од А.С.“, инфорираат од МВР.

За настанот е запознаен Јавниот обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.