Свет Се сруши воен авион на островот Суматра, загинаа 30 лица

Се сруши воен авион на островот Суматра, загинаа 30 лица

Триесет лица загинаа кога воен авион „херкулес Ц-130“ се срушил на индонезискиот остров Суматра, во градот Медан.

Портпаролот на индонезиските воздухопловни сили, Ди Бадарманто, изјави дека авионот се срушил нешто по полноќ, само неколку минути откако полетал од аеродромот во Медан.

Во авионот, кој се срушил врз локален хотел, имало 12 членови на екипажот, но бидејќи акцијата за спасување сè уште трае, не се знае точниот број на жртви.