Економија Сè повеќе нефункционални кредити на фирмите

Сè повеќе нефункционални кредити на фирмите

Зголемената кредитна активност на банките доведе до мало намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити, на 11,5 проценти, движејќи се во рамките на вообичаеното ниво за последните две години, помеѓу 11 и 12 проценти, се вели во соопштението на НБРМ.

– Кај претпријатијата ова учество се зголеми минимално, на 16 проценти, поради побрзиот пораст на нефункционалните кредити во однос на кредитната поддршка. Кај домаќинствата, стапката на нефункционалните кредити и натаму се намалува, под влијание на забрзаниот кредитен пораст, главно кај кредитите наменети за потрошувачка.Поради високата покриеност на вкупните нефункционални кредити со издвоената исправка на вредноста, веројатноста сопствените средства на банките да бидат погодени од евентуалното остварување на кредитниот ризик е мала – се вели во соопштението на Народна банка.

Кредитната активност се финансираше преку користење на ликвидните средства на банките, односно со намалувањето на нивните пласмани кај други банки и финансиски институции.

Зголемена кредитна поддршка имаше особено кај домаќинствата, но и кај корпоративниот сектор.