Економија Сè повеќе кредити во приватниот сектор

Сè повеќе кредити во приватниот сектор

Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за септември покажуваат забрзување на месечниот пораст на вкупните кредити на приватниот сектор.

– Во септември, кредитната поддршка беше насочена и кон населението, но и кон корпоративниот сектор, каде што по двомесечното намалување, кредитите забележаа пораст. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во септември изнесува 8,9 проценти и е малку пониска во однос на проекцијата. Во однос на депозитниот потенцијал, првичните податоци, заклучно со септември, покажуваат нивно минимално зголемување, при пораст на депозитите на населението – велат од Народна банка.