Свет Се подготвува копнена офанзива против ИД

Се подготвува копнена офанзива против ИД

Ирачките трупи во текот на следните неколку недели ќе почнат копнена офанзива за заземање на деловите од земјата што се под контрола на Исламска држава, соопшти американскиот координатор на меѓународната коалиција против џихадистите, Џон Ален.
– Во следните недели, кога ирачките сили ќе ја почнат копнената кампања, коалицијата ќе обезбеди поддршка во согласност со потребите, изјави Ален за јорданската агенција „Петра“, додавајќи дека Ирачаните ќе ја предводат офанзивата.