Македонија Се одбележува Светскиот ден на туберкулозата

Се одбележува Светскиот ден на туберкулозата

Со тркалезна маса на која ќе се обратат поголем број експерти, Македонија денеска ќе се вклучи во одбележувањето на 24 март, Светскиот ден на туберкулозата.

Настанот, како и минатите години, е организиран од Националниот координативен механизам со поддршка на Министерството за здравство, преку програмите поддржани од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, како и од Институтот за белодробни заболувања.