Македонија Се чистат коритата на Вардар и на Серава

Се чистат коритата на Вардар и на Серава

Од коритото на реката Вардар машински се извадени 3. 200 кубни метри, наноси на земја

Екипи на јавното претпријатије „Улици и патишта“ почнаа со чистење на коритата на реките Вардар и Серава, на локација на локација кај Вардариште во општина Гази Баба.

Досега исчистени се околу 600  метри. Од коритото на реката Вардар, машински се извадени  3.200 кубни метри наноси на земја, разновиден комунален отпад, градежен шут и вегетација, којашто откако ќе се просуши, ќе се натовари и транспортира до локација за одлагање.

Изминативе денови се работеше и на машинско и на рачно чистење на коритото на реката Серава на локација од мостот на булеварот Словенија до Римскиот аквадукт, во должина од 720 метри.

Од коритото на реката Серава и од околината се исчистени околу 5.000 кубни метри најразновиден комунален отпад, наноси на земја, вегетација и градежен шут.