Македонија СДСМ: Зврлевски веќе нема да ги штити криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Зврлевски веќе нема да ги штити криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните веќе ги чувствуваат првите резултати од новата реформска Влада предводена од СДСМ, стои во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за поведената постапка за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

„Заврши времето на антиреформската фамилија во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, која 10 години владееше криминално за лично богатење. Заврши и времето на Марко Зврлевски кој ги штити нивните криминали и ја попречува правдата наместо да ја спроведува. Македонија ќе биде правна држава со еднакви шанси за успех на сите“, велат од партијата и додаваат дека новата влада веќе го исплатила субвенциите и стипендиите на студентите, кои доцнеле пет месеци.