Македонија СДСМ: Владејачката партија не сака денеска да се изгласаат новите министри

СДСМ: Владејачката партија не сака денеска да се изгласаат новите министри

Пратениците на СДСМ сметаат дека владејачката партија намерно не сака денеска да се изгласаат и предлозите за нови министри, па поради тоа пленарната седница и комисиските расправи се закажани толку доцна. Ова го изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, кој на пленарната седница побара законот за влада, наместо последна, да биде прва точка на дневниот ред.

– Бараме законот за влада да биде прва точка на дневниот ред за да му овозможиме на премиерот уште денеска да ги предложи новите министри. Јас знам дека болна точка ви е МВР, но мислам дека треба да се одважите веќе еднаш – рече Сугаревски.

На ова претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, рече дека и без тоа сите закони ќе се гласаат во пакет и никаква улога не игра која точка ќе биде прва.