Македонија СДСМ: Се распаѓа системот на лажирање на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Се распаѓа системот на лажирање на ВМРО-ДПМНЕ

Почнаа да им излегуваат информации од сите страни, што покажува дека се распаѓа нивниот систем на лажирање и на контрола на информациите. Ја разбираме нервозата на ВМРО-ДПМНЕ, за којашто, како што може да се види од нивното соопштените, и самите се свесни, се вели во реакцијата на СДСМ.

„СДСМ ќе ги сподели со јавноста сите докази и аргументи што ги поседува и на крајот убедени сме дека граѓаните се тие што ќе пресудат за оваа власт. Да имаше одговорна власт и институции на системот, тие ќе работеа на расчиствување на скандалот со фабриката за пасоши во приватен стан, обелоденет од медиум, а немаше партијата на Груевски да испраќа соопштенија со говор на омраза, што го покажува немирот во редовите на власта“, се вели во соопштението на СДСМ.