Македонија СДСМ: Реформата е само купопродажен договор од 12 милиони евра?

СДСМ: Реформата е само купопродажен договор од 12 милиони евра?

СДСМ повикува МОН да го покаже договорот со Кембриџ

Дали молкот на Абдулаќим Адеми и на Спиро Ристовски значи дека проектот „Кембриџ“ е обичен купопродажен договор помеѓу Министерството за образование и издавачка куќа од Велика Британија, вреден 12 милиони евра, праша Сашо Тодоровски, член на комисијата за образование и наука на СДСМ.

– Министерството за образование е должно да го покаже договорот помеѓу МОН и институцијата „Кембриџ“ во Лондон. Ова, особено, поради тоа што од овој т.н. проект во училиштата плачат седумгодишни и деветгодишни деца, а нивните родители и наставници се под секојдневни стрес и нервози. Ако и денеска Адеми и Ристовски одмолчат и го пратат центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ да ги брани со низок речник, без информации и аргументи, ќе остават простор јавноста основано да се сомнева дека договор со „Кембриџ“ нема, туку има само бизнис-интерес на власта тежок 12 милиони евра, за што во залог е ставено здравјето на деца, родители и на наставници – вели Тодоровски.