Македонија СДСМ: Протестот ќе се одржи в недела, во 14 часот

СДСМ: Протестот ќе се одржи в недела, во 14 часот

На 17 мај, во 14 часот, ќе се одржи голем натпартиски граѓански протест против насилното, сурово, криминално владеење на Никола Груевски, соопштија денеска од СДСМ.

– Ги повикуваме граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, ги повикуваме сите што ѝ мислат добро на Македонија да се приклучат на големиот протест. Заедно, обединети, здружени, да испратиме порака до Никола Груевски, човекот што ја уништи сегашноста и ја загрозува иднината на нашата татковина, дека мора да си замине. Заедно да излеземе на голем мирен протест против мрачните сценарија и обиди за дестабилизација на Македонија. Обединети против насилството и криминалот на нелегитимната власт на Никола Груевски и на неговите соработници. Здружени за враќање на европските вредности и на мирот во Македонија. Готово е Груевски. Македонија крена глава. В недела, во Скопје, почнува враќањето на слободата и на демократијата – рече денеска генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.