Македонија СДСМ: Досега за „Скопје 2014“ се потрошени 580 милиони евра

СДСМ: Досега за „Скопје 2014“ се потрошени 580 милиони евра

Владата за мегапроектот „Скопје 2014“ потрошила 580 милиони евра, наместо најавуваните 80 милиони евра, обвинува СДСМ. Петре Шилегов, партискиот портпарол, вели дека досега овој проект има 800 договори, а само 276 се во отворена постапка.

– Оваа година „Скопје 2014“ ќе чини дополнителни 46 милиони евра. Со вкупните 584 милиони евра, Владата можеше на наставниците да им ги зголеми платите за 5.000 денари, целата реколта од тутунот вредна 15 милиони евра да ја откупи, да плати 3 милиони евра отштета за сточарите чии стада се разболеа од „син јазик“, да купи возови наместо за нив да зема кредити, да изгради европски патишта, наместо да нè задолжува кај кинеската банка. Овој проект е бунар без дно – рече Шилегов на прес-конференција.