Култура Самостојна изложба на уметникот Горан Јованов

Самостојна изложба на уметникот Горан Јованов

На 13 декември, во 19 часот во Ликовниот салон на ДЛУМ, Дом на АРМ, ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Горан Јованов.

Горан Јованов е роден 1982 година, во Гевгелија. Во 2009 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на отсекот графика, под менторство на професор Димитар Малиданов.