Македонија Сали Мурати нов претседател на Уставен суд

Сали Мурати нов претседател на Уставен суд

Судијата Сали Мурати денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд, а ќе стапи на функцијата на 1 ноември, кога на досегашниот претседател Никола Ивановски му завршува мандатот.

Сали Мурати е роден на 11 октомври 1966 во с.Врапчиште, Гостивар. По националност е Турчин. Дипломирал на Правниот факултет при Белградскиот универзитет во 1991 година, а правосудниот испит го положил во 2005 година.

Од дипломирањето досега активно се занимавал со областа на уставното право, правата на заедниците, слобода на мисла и вероисповест и меѓународно приватно право. Има објавено многубројни статии од правна проблематика во разни списанија во земјава и надвор од неа. Учествувал во над 15 меѓународни конференции со правна содржина во разни земји во странство.