Подглавна секција САД бара од Израел да ја зголеми хуманитарната помош во Газа во...

САД бара од Израел да ја зголеми хуманитарната помош во Газа во наредните 30 дена

Во писмото, САД изразуваат длабока загриженост за влошување на хуманитарната ситуација во Газа, каде што речиси 1,7 милиони Палестинци во областа ал-Маваси се под висок ризик поради екстремната пренаселеност

Фото: Photo by Emad El Byed on Unsplash

Соединетите Американски Држави испратија писмо до Израел во кое бараат да се зголеми хуманитарната помош во Газа во рок од 30 дена. Ако не се постигне подобрување, Израел ќе се соочи со можни намалувања на воената поддршка, што е најсилно предупредување досега, пишува Би-би-си.

Во писмото, САД изразуваат длабока загриженост за влошување на хуманитарната ситуација во Газа, каде што речиси 1,7 милиони Палестинци во областа ал-Маваси се под висок ризик поради екстремната пренаселеност.

Во писмото се вели дека Израел мора, почнувајќи од сега и во рок од 30 дена да дејствува на серија конкретни мерки за зајакнување на снабдувањето помош, додавајќи дека неуспехот може „да има импликации за американската политика“.

Во него се цитираат американски закони со кои може да се забрани воена помош на земјите кои ја попречуваат испорака на американска хуманитарна помош.

Се вели дека Израел мора „да ги зголеми сите форми на хуманитарна помош низ Газа“ пред зимата и да овозможи минимум 350 камиони дневно да влезат преку сите четири главни премини и новиот петти премин.