Свет Европа Руски носач на авиони се упати кон Сирија, Британија загрижена

Руски носач на авиони се упати кон Сирија, Британија загрижена

Носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ од руската Северна флота, исплови на пат кон Средоземјето, соопшти прес-службата на флотата.

За тоа време британските медиуми истакнуваат дека на патот кон крајбрежјето на Сирија, пловилото ќе помине низ каналот Ла Манш, што предизвикува загриженост кај британските власти.

Во соопштението на Северната флота се наведува дека во придружба на „Адмирал Кузњецов“ ќе оди и ракетниот крстосувач „Петар Велики“, големите противподморнички бродови „Северноморск“ и „Вице Адмирал Кулаков“, како и други бродови за поддршка.

Британските медиуми во меѓувреме пишуваат дека „Адмирал Кузњецов“ ќе помине низ Ла Манш, кој Британците го нарекуваат Англиски Канал, во време на затегнати односи помеѓу Лондон и Москва околу сириската криза.

Британската кралска морнарица и нејзините сојузници во НАТО се подготвуваат за тргнувањето на „Адмирал Кузњецов“, а весникот „Мирор“ наведува дека стручњаците оваа ситуација ја оценуваат како „потенцијално запалива“.