Свет Руски авиони со крстосувачки ракети ја нападнаа ИД во Сирија

Руски авиони со крстосувачки ракети ја нападнаа ИД во Сирија

Руските воздушни сили денеска со крстосувачки ракети нападнале цели на Исламска држава во Сирија, соопшти рускиот висок воен претставник, Андреј Картаполов.

– Денеска беа изведени 59 од планираните 100 напади врз цели на ИД во покраините Рака, Идлиб, Деир ал-Зор, а ликвидирани се 149 терористи – соопшти Картаполов, додавајќи дека гаѓани се и камиони на ИД, кои превезувале нафта и нафтени деривати.