Свет Европа Руски авион принудно слета откако му откажа моторот

Руски авион принудно слета откако му откажа моторот

Патнички авион „боинг 737“ на руската компанија „ЈУТ ер“ со 78 патници, денеска принудно слета во Санкт Петербург, јавуваат руските медиуми.

Авионот се приземјил на аеродромот „Пулков“, откако побарал дозвола за принудно слетување.

Руските медиуми јавуваат дека еден од моторите на авионот откажал, но засега информацијата не е официјално потврдена, а не се откриваат никакви други детали.