Македонија Русија загрижена за случувањата во Куманово, но и за протестите

Русија загрижена за случувањата во Куманово, но и за протестите

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска преку соопштение изрази загриженост за случувањата во Куманово и изрази надеж дека „ситуацијата брзо ќе се нормализира и сите околности околу инцицентот ќе бидат темелно истражени“.

„Ги повикуваме сите политички сили во Македонија на конструктивен дијалог, а меѓународната заедница, особено ОБСЕ, да дадат придонес кон таквиот дијалог. Убедени сме дека дијалогот треба да се води исклучиво во институционалните и правните рамки, што би било во најдобар интерес за Македонија и зачувувањето на стабилниста на безбедноста на регионот“, се наведува во соопштението од руското МНР.

Во него се искажува и загриженост поради антивладините протести изминативе денови, чија ескалација била спречена од безбедносните сили и „компетентните власти во земјата“.

„Протестите се дел од обиди на невладини организации поттикнати од западните земји да предизвикаат „обоена револуција“ во Македонија, што може да предизвика етнички тензии во мултиетничка Македонија и во соседните земји на Балканот“, стои во соопштението.